Палета на производи
Домати
1000 семки = 2,4гр., 1гр. = 280-390семки. Оптимална температура за поникнување 22-25 степени. Препорачлива дневна температура 18-22 степени, препорачлива ноќна температура над 15 степени. При температура под 15 степени можни се абортуси и деформација на плодовите. Поникнување за 14 дена. Во расад не повеќе од 60 дена. Сеидбена норма: 100-120гр./ха, или до 30.000 растенија/ха.
Пиперки
1000семки =6-9,5 гр.,1гр.=105-160семки.Пиперката се сади на температура над 25°С. Оптималната темпретура за одгледување е над 18°С.Пиперката поникнува од 12-14 дена.За под пластеничко производство се користи расад стар од 10-12 недели,а на отворено од 6-8 недели.Во пластеничкото производство во вертикалното водење на две стебла се одгледува во густина од 35.000-38.000 растенија/ха,а на отворено до 45.000 растенија/ха.
Краставици
1000 семки = 25-30 гр., 1 гр. = 30-40 семки. Семето од краставица брзо р'ти на температура од 22-25° С и поникнува само за неколку дена, a ce расадува на земјишна температура над 15° С а доколку температурата е под 10° С доаѓа до трајно оштетување на растенијата. Оптималната температура за одгледување на краставица е над 18° С, со релативна влажност на воздухот од над 75%. Во пластеничко производство салатарите се одгледуваат во густина од 20.000-22.000 растенија/ха, а мазните хибриди од 18.000-20.000 растенија/ха.
Салати
1000 семки = 0,8-1,8 гр., 1 гр. = 700-1000 семки. Температура за р'тење и никнување на салатата треба да е над 12° С, a температура за одгледување од 8-20° С. Салатата во зависност од температуритепоникнува од 4-14 дена. За производство се користи расад стар од 4-6 недели, a сеидбена норма е од 150-250 гр/ха.
Дињи
1000 семки = 25-40 гр., 1 гр. = 30-40 семки.Дињата се сее на температура од 15-17° С, а поникнува за 4 дена. Оптималната температура за одгледување дињи е околу 20°С. За производство се користи расад со старост од 4-5 недели или помлад. Се расадува во густина од 8.000-10.000 растенија/ха.
Тиквички
1000 семки = 125-150 гр., 1 гр. = 7-8 семки. Семето р'ти за 2-3 дена,a ce расадува на температура на земјиштето над 15° С. Се одгледува во густина од 8.000-12.000 растенија/ха. на отворено.
Патлиџан
1000 семки = 6-8 гр., 1 гр. = 120-140 семки. Семето од патлиџан поникнува за 14 дена на температура од 10-15° С, a ce расадува со старост од околу 8-9 недели на температура над 20° С. Се одгледува во густина од 15.000-25.000 растенија/ха.
Келераба, Праз, Рукола
1000 семки= 2,5-3,5 гр., 1 гр. = 300-400 семки.Семето од праз никнува од 14-21 дена, a ce одгледува во густина од 140.000-200.000 растенија/ха со семе од 1-1,5 кг/ха.
Ротквици
1000 семки = 0,5 гр. 1 гр. = 2000 семки. Семето р'ти во темно на 23° С за 6 - 8 дена, во заштитен простор се одгледува во текот на целата година, а на отворено од крајот на март. Сеидбената норма изнесува 10 гр./100 м2 за директна сеидба, односно 10 гр. / 1000 саксии.