Тиквички

1000 семки = 125-150 гр., 1 гр. = 7-8 семки. Семето р'ти за 2-3 дена,a ce расадува на температура на земјиштето над 15° С. Се одгледува во густина од 8.000-12.000 растенија/ха. на отворено.

 

ТИКВИЧКИ

Ardendo 174 F1 | nран хибрид на тиквичка со млечно зеленкаста боја, многу отпорна и адаптабилна во однос на Езра. Има средно буен, ограничен раст, со многу засечени темно зелени листови. Плодовите се многу правилни со цилиндричен облик, незабележливо пошироки на врвот, со многу постојани цветни папки. Извонредно е отпорна на вируси и на пепелница.

Milet F1(E82.110): Искучително ран хибрид на бела тиквичка. Толерантен на вирус на мозаично жолтило на тиквичката (ZYMV).Растението е силно со полуотворен хабитус. Приносот и квалитетот е подеднакво добар при одгледување на земја и со вертикално врзување. Толерантен е на пепелница, изразена отпорност на вируси. Плодовите се со убава боја, мазни и без деформација при температурни амплитуди. Можна е подолга берба во пластеникот со редовно отстранување на старите листови.

Dunja F1 (E 82.169) | nДуња е хибрид тиквичка со темно зеленабоја со убава марморација со светли точкасти дамки. Има компактен хабитус и ограничен пораст. Плодовите се со цилиндричен облик и средна должина. Хибридот поседува одлична отпорност на вирус и пепелница.

Natura F1: Нов хибрид на зелена тиквичка наменета за вертикално одгледување во есен и многу рано одгледување во пролет со сеидба при крајот на Јануари. Многу јак вегетационен врв со долго плодоносење. Се одликува со брзо формирање на плодовите на кратки интернодии и со одличен баланс меѓу вегетативниот и генеративниот пораст и отпорност на пепелница. Плодовите се цилиндрични со убав изглед, прави, со темно зелена боја и се барани на пазарот.