Патлиџан

1000 семки = 6-8 гр., 1 гр. = 120-140 семки. Семето од патлиџан поникнува за 14 дена на температура од 10-15° С, a ce расадува со старост од околу 8-9 недели на температура над 20° С. Се одгледува во густина од 15.000-25.000 растенија/ха.

 

ПАТЛИЏАН

Traviata F1 (E 83.1140) | n: припаѓа на типот средно долги хибриди, со средно развиени лиски, со константно заврзување под самиотвегетативен врв, што како резултат има висок потенцијал на родност. Плодовите се многу атрактивни, со темно виолетова боја, мазни и многу сјајни. Генеративен хибрид со висока отпорност.

 Destan F1 | n: Дестан е ран хибрид со многу буен и отворен тип на пораст. Растението рамномерно заврзува во текот на целата вегетација. Плодот е за нијанса подолг, незначително здебелен со темно виолетова боја, сјаен, со атрактивен изглед и висок квалитет. Наменет е за производство во заштитен простор.

 

Келераба

 

1000 семки = 3-5 гр., 1 гр. = 170-330 семки. Семето поникнува за 5-7 дена, а за расадување се користи расад со старост од 4-5 недели. Се одгледува во густина од 50.000 растенија/ха.

КЕЛЕРАБА

 

Oasis F1ран хибрид , кој што се одликува со совршено јаболчесто округли плодови и се со одличен квалитет и конзистенција. Многу слабо е обраснат со листови, со целосно плитки лисни ракавци. Се одгледува на отворено во текот на вегетационата сезона со вегетација 40-45 дена. Хибридот под пластеници може да се одржи и преку зима.He e склон на пукање и е отпорен на болести

 

Праз

 

1000 семки= 2,5-3,5 гр., 1 гр. = 300-400 семки.Семето од праз никнува од 14-21 дена, a ce одгледува во густина од 140.000-200.000 растенија/ха со семе од 1-1,5 кг/ха.

ПРАЗ

 

Franse Zomer 3 Evitа: многу рана сорта на праз наменета за расадување во пролет и берење со почеток во Јули месец. Има долго бело лажно стебло и темно зелени листови, што на оваа сорта и дава висока пазарност. Многу едноставно се одгледува заради својатависока адаптибилност. 

Blauwgroene Herfst Tadornaсорта наменета за касно есенско производство и обично многу добро презимува на нивата. Се одликува со долго бело стебло и темно зелени листови. Високо продуктивна со висок процент на суви материи, затоа е многу погодна и за индустриско производство. 

Miracle F1:  сорта со буен раст погоден е за доцно пролетно и есенскопроизводство. Се одликува со добра отпорност при пораст и цветење.Листовите се со интензивно темно зелена боја. Хибрид кој дава висок принос и изедначени плодови.

 

Рукола

 

1000 семки = 0,5 гр. 1 гр. = 2000 семки. Семето р'ти во темно на 23° С за 6 - 8 дена, во заштитен простор се одгледува во текот на целата година, а на отворено од крајот на март. Сеидбената норма изнесува  10 гр./100 м2 за директна сеидба, односно 10 гр./ 1000 саксии.

РУКОЛА

 

Rucola Selvatica Grazia: се одликува со висока изедначеност на темно зелените листови кои што се многу убави во споредба со другите сорти што претходеа во селекцијата. Грациа има висока толерантност на исцветување покрај високите температури.

 

Ротквици

 

1000 семки = 0,5 гр. 1 гр. = 2000 семки. Семето р'ти во темно на 23° С за 6 - 8 дена, во заштитен простор се одгледува во текот на целата година, а на отворено од крајот на март. Сеидбената норма изнесува 10 гр./100 м2 за директна сеидба, односно 10 гр. / 1000 саксии.

РОТКВИЦИ

 

Rudi:  познат хибрид на крупна ротквица, со добро развиени и кратки листови. Се одгледува со подеднаков успех во текот на зимата под пластеници, односно во текот на целата сезона, во лето на отворено поле. Се одликува со атрактивна боја, константен квалитет и одличен вкус. Отпорен е на пукање.

 Lucia F1 p: нов хибрид на ротквица која дава одлично обликувани плодови со изразено црвена боја. Се одликува со отпорност на пукање и е наменета за производство преку цело лето. Отпорна е на сиво гниење.

 Tarzan F1: високо приносен хибрид погоден за одгледување во заштитен простор. Брзо расте и не е осетлив на пукање. Ротквиците се изедначени, имаат топчеста форма, изразено црвена боја и се со одличен вкус. Дава висок и квалитетен принос.