Дињи

1000 семки = 25-40 гр., 1 гр. = 30-40 семки.Дињата се сее на температура од 15-17° С, а поникнува за 4 дена. Оптималната температура за одгледување дињи е околу 20°С. За производство се користи расад со старост од 4-5 недели или помлад. Се расадува во густина од 8.000-10.000 растенија/ха.

 

ДИЊИ

Sembol F1 (Е81.007) - Сембол е најран хибрид од типот на галија, со зелено месо за одгледување во заштитен простор и на отворено поле. Едноставна е за одгледување со јако и витко стебло и добра отпорност. Плодовите се округли, исклучително униформни по големина и облик со атрактивно жолтаникаво-портокалова боја и густо-мрежаста кора и одлична големина со повеќе од 2 кг. Се одликува со висок и стабилен принос и одличен вкус на плодовите.

Sereen F1 (Е81. 063): Серин е ран хибрид на диња, со средно буен пораст. Се карактеризира со извонреден вкус и арома со кремасто зелено месо. Се одликува со многу добра покриеност и обилно заврзување од 6-8 плодови по гранка. Плодовите се округли, мрежасти, со жолтеникава кора, со малку семена ложа и просечна тежина од 1,6-2,2кг. Првенствено е наменета за одгледување на отворено поле.

Raneen F1: Ренеен е многу ран хибрид од Ананас типот, со портокалова боја на месото, јако стебло, одлична лисна покриеност, висока родност и адаптабилност. Плодовите се издолжени со оваленоблик, мрежаста кора, без нарежување, многу изедначени и просечната тежина е повеќе од 3 кг. Освен извонредниот вкус и мирис, оваа диња, која што многу лесно се одгледува ја карактеризира и одличната транспортабилност.

Anish F1: Аниш е ран хибрид, наменет за долг транспорт. Има јак пораст и добро избалансиран однос на масата и родот. Плодовите се со овален облик, нарежени, со многу изразена мрежичка. Многувкусна диња со добра конзистенција и мазна текстура на месото. Наменета е за одгледување под пластеници и на отворено поле. Просечна тежина на плодот варира од 1.3 до 1,8 кг.