Профил на компанијата

Како лидери во снабдувањето на производителите со квалитетно семе Рима Комерц создава традиција  во работењето низ години. Квалитетот го запазуваме со соработка со странски партнери и имплементирање на нивнитот асортиман на нашиот пазар. Нашето препознавање во работата е токму нашата цел да непосредно соработуваме со производителите.

Креативноста за истражување не доведува до остварување на нашата мисија да ги задоволиме производителите со семе од високоприносни раноградинарски сорти, докажани на светско ниво, а прилагодени на локалните услови , со што ја покажуваме нашата посветеност во развојот на дејноста. 

Искуството во работата, постојаното унапредување на асортиманот и квалитетот на сортите ни овозможуваат да лесно  ги препознаваме  потребите на производителите.

Со долгогодишна посветена работа и нашите вистински стручни совети се создава чувство на сигурност кај нашите клиенти, а Нам  желба и поттик за уште поголема ангажираност.