Салати
1000 семки = 0,8-1,8 гр., 1 гр. = 700-1000 семки. Температура за р'тење и никнување на салатата треба да е над 12° С, a температура за одгледување од 8-20° С. Салатата во зависност од температуритепоникнува од 4-14 дена. За производство се користи расад стар од 4-6 недели, a сеидбена норма е од 150-250 гр/ха.
САЛАТИ
Beldy (E 15.0852): салата од типот на кристалка, се одгледува во заштитен простор во текот на целата година.
Estony: сорта со одличната отпорност, дури и на лисна вошка, дава многу добар резултат во производството.
Follomy: формира убава розета со добро исполнета средина и голема тежина. Има меки и еластични листови, кои не се кршат при пакувањето.
Е 15.3706 р| n: Сорта на салата со брз пораст. Има изедначено исполнета розета, се препорачува за летно и есенско производство. Има голема отпорност на болести и рабни горења на листот.
Е 15.4717 p| n: Салата во Естони тип. Се карактеризира со отпорност на гниење. Се препорачува за летно производство.
Noisette: многу крупна салата од типот на кристалки. Одлична отпорност на болести и цветење во текот на летото, извонреден вкус, одлична е за чување и транспорт.
Flavy | n: наменета за производство под пластеници во текот на ладниот дел од годината со висока адаптабилност и едноставна е за одгледување.
Sesty (E 11.6237) | n: сорта на салата путерка за краток ден, наменета за есенско одгледување на отворено поле и зимско производство во заштитен простор.
Analena p I n: салата наменета за производство на отворено, во лето и есен. со сјајна, светло зелена боја. отпорна на рабно горење налистот.
Tatiana: многу крупна, постојана, добро позната сорта на путерка за одгледување во текот на пролетта и есента. Одлично го поднесува чувањето, со одлична транспортабилност и добри перформанси под лутрасил.
Fatima: одлична сорта на путерка за одгледување во текот на топлиот дел од годината, затоа што е многу отпорна на цветање, дури и во исклучително тешки производствени услови.
Pronto | n: Пронто е сорта на путерка, со многу крупна главица, зелена боја, многу брз и јак пораст. Се одгледува од најранитепролетни термини, но одлични резултати дава и во текот на летото бидејки нема склоност на цветање.
Ендивија
Sardana: Сардана е сорта на ендивија, многу погодна за одгледување во текот на целата вегетациона сезона, бидејки нема склоност на цветање на високи температури. Формира многу тешка, добро развиена розета од листови со посветло зелена боја.
Мотовилец
Juwallon: Јувалон е сорта на мотовилец, со голема брзина на пораст. Формира убави широки розети, што значајно ја олеснува бербата. Листовите се со овален облик и посветла зелена боја. Сортата е отпорна на жолтило на листовите и дава извонреден квалитет. Сортата е наменета за есенско, зимско и ранопролетно производство.
Favor Сорта мотовилец наменета за одгледување на отворено и во пластеници. Многу приносна сорта со одлична отпорност на болести, со атрактивни, темно зелени, сјајни и цврсти листови, со округласт облик на мали петелки.
Etap: Брза сорта мотовилец која создава изедначена розета со средно висок раст. Најдобри резултати дава при производство во доцна есен. Берба од Ноември до Јануари. Листовите се овални со темно зелена боја.
Римска Салата
Winter Gem™ | n : Винтер гем спаѓа во нов сегмент компактни римски салати, кои што се наменети за доцна есенско и зимско производство, бидејки не бара високи температури. Во асортиманот се моментално две сорти: Арран и Орсаи. Розетите на Винтер гемсалатата достигнуваат тежина од 120-150 г и имаат крцкава структура, и со самото тоа и одличен вкус.