Краставици
1000 семки = 25-30 гр., 1 гр. = 30-40 семки. Семето од краставица брзо р'ти на температура од 22-25° С и поникнува само за неколку дена, a ce расадува на земјишна температура над 15° С а доколку температурата е под 10° С доаѓа до трајно оштетување на растенијата. Оптималната температура за одгледување на краставица е над 18° С, со релативна влажност на воздухот од над 75%. Во пластеничко производство салатарите се одгледуваат во густина од 20.000-22.000 растенија/ха, а мазните хибриди од 18.000-20.000 растенија/ха.
САЛАТНИ БРАДАВИЧАСТИ КРАСТАВИЦИ
Dinero F1: високо квалитетен, многу приносен, партенокарпен хибрид од типот Џезер, со извонредна толерантност на пепелница.
Jazzer F1: Многу ран хибрид, толерантен е на вирус на мозаикот на краставицата CMV и пламеница.
Ekron F1: многу ран партенокарпен хибрид-салатар, со првокласен квалитет и со висок потенцијал на родност. Многу е отпорен на болести.
Pontia F1: високо приносна сорта, погодна за транспорт и складирање.
ДОЛГИ МАЗНИ КРАСТАВИЦИ
Kalunga F1 | n: Рана високо приносна сорта од долг тип. Толерантна е на вирус мозаик и пепелница.
Bowing F1 | n: Средно ран хибрид, поднесува високите температури, за пролетно и летно производство.
МИНИ КРАСТАВИЦА
Rodeo F1| n: средно буен хибрид мини мазна краставица, со рано и обилно плодоносење.
КРАСТАВИЦА-КОРНИШОН
Excelsior F1: партенокарпен хибрид за рано одгледување и за есенско производство.