Профил на компанијата
Енза Заден како производител на зеленчуково семе е одомаќено име со висока репутациjа како на холандскиот, така и на светскиот пазар. Насекаде низ светот нашите сорти зеленчук се консумираат и ценаткај потрошувачите, производителите и трговците
Кога Jакоб Мазерееув во 1938 год. го основа Де
Енкхуизер Заадхандел, имаше само една задача: да продава зеленчуково семе. Неговата амбициозност и силниот претприемачки дух ja сочинуваа основата за големиот успех на Енза Заден. Дваесетина години подоцна во 1959 год., активноста беше проширена со селекциjа. Успешните сорти се редеа , така што набргу се започна и со извоз. Со paботење на сите континенти ЕНЗА ЗАДЕН денес израсна во една од светските пазарни лидери во селекциjата и производството на зеленчуково семе.
НОВИ СОРТИ
Дури и денес ние не мируваме. Новитетите станаа многу важни, ако не и наjважен аспект во нашето работење. Инвестирањето во амбициозни и стручни кадри, софистицираната опрема и нaјнoвaтa технологиjа помогнаа, од една страна, да ги изненадиме потрошувачите со голем броj на нови сорти со вкусен и високо квалитетен зеленчук, а од друга страна, да ги снабдиме производителите со високо приносни сорти. Тоа, секако, бара многу креативност. Експертското знаење кое што го имаме, помегу другото, му го должиме на: повекегодишното искуство во селекционата програма и на заедничко корисната соработка помегу нашите развоjни и истражувачки центри насекаде низ светот. Продолжуваме со селекциjата на традиционален начин. Нашето знаење и креативност го комбинираме со модерна и високо софистицирана технологиjа.
СЕКОГАШ СНАБДЕНИ СО ВИСОК КВАЛИТЕТ
Испорачуваме висококвалитетен семенски материjал во текот на целата година. Во процесот на доработката на семињата секогаш развиваме нова техника и систематски jа тестираме здравствената состоjба, р'тливоста, сортната чистота и хомогеноста, така што секогаш можете да порачате здраво и сигурно семе. Нашите производствени локации стратешки се позиционирани како на jужната, така и на северната хемисфера, така што секогаш можеме мошне бргу да ги задоволиме новите потреби за семе.
ЦЕЛОСНО ВО ЧЕКОР СО ЛОКАЛНИТЕ ПОБАРУВАЊА И УСЛОВИ
Насекаде низ светот располагаме со сорти кои што одговараат на специфичната побарувачка на одредениот регион. Комерциjалниот, истражувачкиот и развоjниот сектор тесно соработуваат помегу себе, со што е овозможено да се следат наjновите достигнувања и трендови како на локалните, така и на светскиот пазар.Соработка со производителите на зеленчук, со застапниците и дистрибутерите, такашто пазарите ги снабдуваме со наjдобрите сорти коишто прецизно се прилагодени на локалните услови и потреби. Сите заедно сме во состоjба да достигнеме нови пазарни концепти, секогаш изненадуваjќи ги потрошувачите, производителите и трговците со унапреден асортиман и квалитет на производите.