Домати
1000 семки = 2,4гр., 1гр. = 280-390семки. Оптимална температура за поникнување 22-25 степени. Препорачлива дневна температура 18-22 степени, препорачлива ноќна температура над 15 степени. При температура под 15 степени можни се абортуси и деформација на плодовите. Поникнување за 14 дена. Во расад не повеќе од 60 дена. Сеидбена норма: 100-120гр./ха, или до 30.000 растенија/ха.
ВИСОКИ ИНДЕТЕРМИНАНТНИ ХИБРИДИ
Belle F1: Овој хибрид е погоден за оранжериско, пластеничко и производство наотворено.Тежина на плодот 180-220гр. Плодовите се со изедначена големина.
Buran F1: Оваа сорта е со голема отпорност на вируси и на нематоди. Се препорачува за прва и втора сеидба, како и за одгледување на отворено поле.
Mondial F1: Овој хибрид е погоден за оранжериско, пластеничко и производство на отворено.
Rally F1: Многу е отпорен на болести и на бронзестиот вирус.
Berberana F1: (Е 27.32086) /ново - Се одликува со високата отпорност на болести .
Thallasa F1:/ново/- прилагодлив на високи температури, се препорачува за летно производство.
Gironda F1: се препорачува за оранжериско и пластеничко производство, со голем генетски потенцијал.
Vedeta F1: се одликува со толерантност на црната дамкавост и одличнаотпорност на бронзестиот вирус.
Гроздест тип
Dirk F1 (E 26.33054) | n-Ран, адаптабилен , наменет за професионални услови на одгледување. Иако има исклучително јак, избалансиран и постојан пораст, се одликува со висока генеративност. Многу добро се оплодува и во услови на вештачко осветлување, како и на високи летни температури.
Специјалитети
Naram F 1 | n - Ран гроздест хибрид на домати за свежа потрошувачка. Има полуотворен хабитус и одлично оплодување. Плодовите се со облик на слива и многу се изедначени, цврсти и убаво обоени, без зелен венец околу дршката со просечна тежина од 140-150 гр.
Oakley F 1 | n - Многу ран хибрид од типот на коктел домати, наменет за целогодишно производство со големата адаптабилност и отпорност на болести.Има многу убави, долги цветни гранки и многу вкусни и атрактивни плодови, просечна тежина од 35гр. Голема продуктивност и многу е едноставен за одгледување.
Campari F1 Средно ран хибрид од типот на коктел домати, со отворен тип на пораст. Плодовите се округли со големина од 45-50 мм и просечна тежина до 45 гр. Поради многу вкусните плодови, исклучително сјајната и интензивно црвената боја, како и поради зголемената содржина на ликопин.
Sakura F 1- Ран хибрид, шери домати, многу компактни интернодии и со врвен пораст. Формира многу долги, правилни цветни гранки. Многу моќен хибрид, со висок принос. Плодовите се цврсти, убаво обоени, многу вкусни и не се склони на пукање. Просечната тежина на плодовите е од 18-22гр. Поради големата прилагодливост и одличната отпорност на болести овој хибрид се одгледува насекаде низ светот.
Sunstream F 1- Многу ран хибрид од домати. Познат е по своите плодови во форма на јагода, со многу атрактивен изглед и вкус и просечна тежина од 30-35гр. Хибрид со многу јак и постојан пораст, компактен со полуотворен хабитус. Високо е адаптабилен на екстремни услови на одгледување и со одлична отпорност на болести. Co подеднакви успеси се берат поединечни плодови со петелка или во цели гроздови. Сорта за подолг транспорт.
Полувисоки семи детерминантни
Bersola F1 (Е2б. 331 9) | n Многу ран хибрид погоден за одгледување во ниски пластеници. Компактните растенија се со јак хабитус и достигнуваат висина до 1,5 м. Плодовите се цврсти со округло-плосната форма и со просечна тежина од 180-220 гр.
Ниски/ детерминатни хибриди
Fora 922 F 1| n
Ран хибрид на ниски домати со јак хабитус и покриеност . Наменет првенствено за на отворено поле. Плодовите изедначени, цврсти, убаво обоени и со одличен квалитет , со просечна тежина од 200 до 230 гр. Има висока толерантност на црна дамкавост.